Здравствените установи и болници секојодневно прават напори да ги унапредат процесите за управување и евиденција со медицинските документи и досиеја, а притоа повеќето имаат потреба да ги намалат административните трошоци и да ослободат дополнителен работен простор и ресурси.

Здравствените установи и болници секојодневно прават напори да ги унапредат процесите за управување и евиденција со медицинските документи и досиеја, а притоа повеќето имаат потреба да ги намалат административните трошоци и да ослободат дополнителен работен простор и ресурси..

Контего обезбедува услуги и решенија за управување со медицинските документи кои им помагаат на давателите на здравствени услуги да ги подобрат своите процеси и ефикасно да управуваат со целокупниот документарен материјал.

Нашата компанија е специјализирана во скенирање, складирање и уништување на документи и досиеја и овозможува целосна сигурност и заштита на чувствителни здравствени информации. Ние можеме да ви помогнеме при надворешно складирање на здравствени записи и документи и истите безбедно да се чуваат во нашиот документарен центар. Исто така, можеме да ви обезбедиме електронски верзии на зачуваните записи кога и да ви се потребни.

Физичките здраствени документи, вклучително досие на пациент, радиолошки филмови, рендген-снимки и останат документарен материјал може да се конвертира во дигитална форма со што ќе обезбедите едноставен и брз пристап до бараните документи и информации..