Едноставен пристап до сите ваши документи

Контего има сопствена флота на возила наменети за преземање на документи од која било локација на цела територија на Македонија обезбедувајќи безбеден и сигурен транспорт на вашата документација.

Нашите вработени се обучени безбедно и стручно да ракуваат при преземањето и испораката на вашата деловна документација од и до вашите простории. Транспортот на вашите документи се следи со GPS.

Бидејќи е важно компаниите да можат да пристапат до сопствените документи откако ќе бидат складирани во архивскиот центар, услугата за пронаоѓање и испорака овозможува брза и лесна достава на истите.

Процес на управување со документи:

Физичка достава

Корисниците кога и да имаат потреба можат да побараат пронаоѓање и испорака на потребната документација. Нашата служба за испорака ви ги доставува потребните документи во оригинална форма до вашите простории и тоа:

  • Стандардна достава - испорака во рок од 24ч
  • Итна достава - испорака во рок од 2ч
  • Вонредна достава - испорака вон работно време и за време на празници

Електронска достава

Доколку корисниците имаат потреба брзо да пристапат до информација, а не и до оригиналниот документ можат да побараат електронска копија која ви ја доставуваме:

  • Преку е-маил
  • Преку пристап до базата на е-архива

Ви треба совет за правилно чување на вашите документи?

Контактирајте не и дознајте повеќе!