Сигурносен архивски сеф

Архивскиот безбедносен сеф е посебно дефиниран простор со зголемента статика, контролирана микроклиматска околина и посебни мерки за безбедност и пристап. Архивскиот сеф ви овозможува чување и заштита на исклучително важни и вредни документи или оние документи кои бараат посебни услови за чување.

Карактеристики на архивскиот сеф


Поседува статика на својата конструкција од 9+ степени според Европската сеизмичка скала

Се наоѓа надвор од сливно подрачје и речно корито

Поседува и применува двојно контролиран пристап (физички и електронски)

Поседува и применува алармен систем за откривање и дојава на неовластен пристап

Обезбедува сертифицирана огноотпорност од 180 минути кон надворешно опкружување

Обезбедува систем за рано откривање, дојава и гаснење на пожар, според сертифициран пп - елаборат

Поседува елаборат за хигиенско-техничка заштита

Обезбедува константна и контролирана температура од 16 - 20 целзиусови степени и релативна влажност од 35 - 45%

Обезбедува антистатичка заштита