Физичка архива

Ефикасно и безбедно складирање на вашата физичка документација и управување со истата. Воспоставени процеси кои го опфаќаат делот на физичкото архивирање во согласност со Упатството за начинот и техниките на постапување со архивскиот и документарниот матерјал во канцелариското и архивско работење. Целокупна заштита на вашите документои од надворешни влијанија и несакан пристап од трети лица. Превземање, прием, обработка (индексирање), складирање, испорака и селекција на документација со изминат рок на чување.

Дигитализација

Комплетен пренос на вашата физичка документација во дигитална форма. Уште еден начин да се зголеми вредноста, безбедноста и трајноста на вашите документите. При процесот на дигитализација се вклучени бројни безбедносни и контролни механизми за заштита на информацијата и интегритетот на вашите документи.

еАрхива

Електронско архивирање на вашите докименти преку интегриран систем кој овозможува лесен и брз пристап до вашата физичка и електронска документација. Сигурен и безбеден пристап преку интернет пребарувач.

Достава

Преземање и доставата на документација со специјализирани возила од и до вашата канцеларија. Различни типови на достава за ефикасно работење со вашите документи: Стандардна, Брза, Експресна, Вонредна (24х7) и Електронска (факс и e-mail).

Уништување

Безбедно и трајно уништување на документите со изминат рок на чување. Уништување на хартија, регистратори, книги, кредитни картички, CD/DVD и други пластични медиуми.