Физичка архива

Деловната документација, која е класифицирана како пасивна, или онаа што се користи повремено или ако е законски регулирана за зачувување на оригиналот во хартиена форма, се чува во архивскиот центар опремен со највисоки стандарди за складирање на документација.
Услугата за физичко архивирање ги опфаќа сите ваши потреби за управување со документите, обезбедува ефикасно и сигурно складирање на вашата документација, целокупна заштита на вашите документи од надворешни влијанија (поплава, пожар) и несакан пристап од трети лица. Нашите воспоставени и сертифицирани процеси овозможуваат целосна сигурност и тајност на вашите документи.
Контего ги евидентира, категоризира и архивира вашите документи и податоци. Врз основа на добиените податоци, развиваме индивидуално решение за архивирање на вашиот документарен материјал.
Процес на управување со документи:
Download Documents

Превземање

Нашиот тим прави проценка и преземање на документацијата од вашите простории.

Transport

Транспорт

Вашата документација се транспортира со наменски возила до нашиот центар за евиденција и складирање.

Evident and barcoding

Евидентирање

Пристигнатите документите се евидентираат и се регистрираат со единствен баркод кој овозможува пристап до секој документ во секое време.

Packing and Storage

Складирање

Кога документите ќе бидат евидентирани, истите се пакуваат во архивски кутии и се поставуваат на обележана локација во архивското депо.

Searching and Delivery

Испорака

Услугата за пребарување и испорака ви овозможува брза и ефикасна достава на бараните документи во физичка или електронска форма во зависност од вашите потреби.

Destroying

Уништување

По истекот на законските рокови предвидени за чување на вашата документација ние се грижиме за нејзино безбедно и трајно уништување без разлика дали се работи за документи во хартиена форма или други архивски медиуми.

Предности при користење на физичката архива


Контролиран и безбеден пристап до документите

Ефикасно управување со деловните документите

Складирање на документите во депо со контолирани климатски услови

Намалување на ризикот од загуба или оштетување на документите