За нас

Контего ДОО Скопје е етаблиран архивски дата-центар за управување со податоци и документи. Нашето долгогодишно искуство и постојано усовршување, како и нашиот фокус кон потребите на клиентите, гарантира безбедно и ефикасно архивско работење со вашите податоци и документи.
Безбедноста, квалитетот, законската усогласеност и сигурноста се составен дел на секое решение кое го нудиме.
Целосната посветеност и искуство како и доследната имплементација на стандардите за безбедност и квалитет, на клиентите им обезбедува ниски трошоци, ефикасно и безбедно управување и складирање на деловните документи.
Специјализираниот архивски центар е целосно обезбеден од несакан или неовластен пристап и разни природни влијанија (поплави, пожари и сл.).
Наши вредности:
Download Documents

Сигурност

Ние сме свесни за вашите деловни одговорности, и затоа одржуваме високо ниво на информациска и физичка сигурност и работиме во согласност со системот за управување со безбедносни информации ISO / IEC 27001

Transport

Квалитет

Одобрената методологија, добра практика, професионално знаење и големо искуство се вградени во сите наши решенија. Обезбедувањето на квалитет е потврдено со стандардот за управување со квалитет ISO 9001.

Evident and barcoding

Усогласеност

Ние нудиме сертифицирани и сигурни решенија, гарантираме правна валидност на вашите физички и електронски документи и редовно се грижиме за законска усогласеност и деловна сигурност за нашите решенија и за вашите процеси

Packing and Storage

Доверливост

Довербата е една од најкомплексните односи што не можат да се купат или да се заштитат со договори. Контего во своето долгогодишно работење успешно ги исполнува барањата и очекувањата на клиентите.Ние веруваме дека ова обезбедува најдобра форма на заштита на податоците.

Предности од користење на нашите услуги:


Целосна безбедност и сигурност на документите

Брз и едноставен пристап до вашите информации и документи

Зголемување на работниот простор

Намалување на трошоците

Подобрување на продуктивност и ефикасност

Оптимизирање на деловни процеси