Нашите воспоставени и сертифицирани процеси овозможуваат целосна сигурност и тајност на вашите документи.

Контего ДООЕЛ е етаблиран физичко - електронски центар за управување со податоци и документи. Нашето долгогодишно искуство и постојано усовршување, како и нашата определеност да бидеме клиентски ориентирана, технолошки модерена и високо интегрирана компанија, гарантира безбедно и ефикасно архивско работење со вашите податоци и документи.

Нашите воспоставени и сертифицирани процеси овозможуваат целосна сигурност и тајност на вашите документи.

Посветеноста и искуството го доведоа нашиот центар на самиот врв во сферата на архивското работење со веќе препознатливи карактеристики:
Безбедност и сигурност – 24/7 видео надзор, противпожарна заштита, Чуварски надзор, контрола на пристап до архивското депо
Точност и ажурност – комплетно и навремено ажурирање на податоците за клиентите и нивната архивска граѓа
Продуктивност и организација – софтверска регистрација на архивските кутии, нивната содржина и локација
Доверливост и тајност – високо поставени цели, посветеност и дискретност

Своето архивско работење ни го доверија бројни реномирани домашни и интернационални компании кои оперираат во нашата земја, како што се: Dinners Club International, Jonson Controls, ПЗУ Филип Втори, НЛБ, Катастар на Република Македонија, Агенција за Вработување на Република Македонија, Макфакс, и други.